речник контакт

Една година затвор за сообраќајката на два камиони кај Венуле

За да биде извадено телото на починатиот мораше да биде ангажиран кран да го крева камионот

Петар Печков

Штипјанецот Драган Панов (27 год) доби една година затвор за сообраќајка, во којa имаше еден починат.   Панов  во Основен суд Велес беше прогласен за виновен,  за кривичното дело ,,тешки дела против безбедноста на луѓето во сообраќајот,,.   Во сообраќајка која се случи на 7-ми октoмври 2016-та, во 13,25ч.  кај Венуле, на регионалнито пат Велес - Градско,  на лице место почина  Владе Цветков (58 год) од Пробиштип.

Според обвинението Панов кој управувал камион ,,сканија,, возел со 68 км/ч. иако  имало ограничување од 20 км/ч. при што  дошло до десетабилизција на  возилото, возачот изгубил контрола  и преминал на левата коловозна лента каде што се движел камион марка  ,,мерцедес,, управувано од Цветков.

Откако увидел дека од спротивната страна на неговата коловозна лeнта доаѓа друго возило, Цветков  прикочил, завртил кон десно со намeра да го избегне сударот.

Но Панов не можел да го стабилизира камионот ,,сканија,,  и дошло до директен судар со камионот марка ,,мерцедес,,. Од ударот Цветков излетал од  неговата страна и паднал под кабината на  неговиот камион па починал.   

За да биде извадено телото,  неопходен бил кран, кој морал да го крева камионот.  Обвинетиот  Панов не го призна  делото, смета дека не е виновен  и на секој шофер може да му се случи ваква сообраќајка. Неговите бранитelи пак со одбрана дека доколку Цветков бил врзан со сигuрносниот појас, немало да излета и немало да дојде до смрт.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »