речник контакт

Една жена почина а една е повредена во сообраќајка кај Градско

Двете жени, велешанки, биле и кума и кумашинка

Петар Печков

Сообраќајката се случила во четвртокот во 14,45 часoт на регионалниот пат Р Градско -Прилеп, поточно кај место викано Аеродром.

До сообраќајката е дојдено помеѓу товарно моторно возило марка Мерцедес со влекач и полуприколка со српски регистарски  таблички, управувано од лицето С.С. (31) српски државјанин, и патнички автомобил марка Пежо со кавадаречки регистарски ознаки управуван од Павлина Трајчевска  Попова (31) од Кавадарци, која починала на лице место поради силината на ударот oд здобиените тешки повреди.

Во незгодата со телесни повреди се здобила и сопатничката во патничкиот автомобил Александра Мишевска (28) од Велес. Таа е пренесена во Медицински центар Велес , со скршеници н во стабилна состојба а како превентива е префрлена на скопските клиники.  Според сведоците, возачот на патничкиот автомобил Павлина Трајчевска Попова престигнувајќи друг патнички автомобил директно удрила во товарното моторно возило кое што доаѓало од спротивниот правец. Двете жени биле  пријателки и кума и кумашинка.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »