речник контакт

Една почината пациентка и 23 ново заразено со ковид-19

Во велешко активни се 221 случаи вo Болница се 35 пациенти

Петар Печков

Во велешко денес се регистрирани 23 лица ново регистрирани  позитивни на ковид-19, оздравени се 18 пациенти. Ова се податоците кои попладнево ги соопшти Министреството за здравство. Во велешко активни се 221 случај а досега 3.208 лица. 

Од велешката Болница соопштија дека утрово е почината  пациентка на 75 годишна возраст, од Велес , позитивна на ковид 19, лекувана на Инфективно одделение три дена. Таа е 107-ма жртва од последиците на корона вирусот.

Во велешката Болница хоспитализирани се  35пациенти  од нив на Инфективно  се 31 а на Интерно четворица. Од лежечките пацинети  29 се потврдени позитивни ,еден е сомнителен и пет  пациенти  се со негативен брис но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 13 пациенти.Испишани се 6 пациенти како оздравени со по еден негативен тест.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »