речник контакт

Една седмица учениците од подрачното училиште во Клуковец ја бојкотираат наставата

Бараат нова училишна зграда, од локалната власт велат, пари има но на локацијата има трло кое треба да се дислоцира

Петар Печков

Учениците од подрачното Основно училиште во село Клуковец, една седмица не одат на училиште. Родителите не дозволуваат педесетина деца од први октомври да посетуваат настава, поради бојкот а причината се лошите услови во кои работат децата. 

Според најавите,учениците од  сите подрачни училиште во велешко,  требаше наставата  да ја следат со физичко присуство, вклучувајќи го и тоа во село Клуковец.

Објектот не ги задоволува елементарните услови за настава.  Родителите се револтирани што нивните деца треба да учат во такви услови. Тие размислуваат сами да го урнат школото и сами да го градат новото - вели наставникот Ремзи Тахири  кој работи со учениците.   Во ова училиште настава посетуваат ученици од прво до петто одделение и работи во рамките на ОУ Васил Главинов од Велес.

Информацијата дека има бојкот на наставата во училиштето во Клуковец ја потврди и градоначалникот на Велес, Аце Коцевски.

Образложение на родителите за бојкотот е што не почнала изградбата на училиштето. Имав средба со делегација на жители од селото.  Вината што не е започната изградбата не е ниту во Министерството за образование, ниту во локалната власт. Средства  како капитални инвестиции од Министерството за образование се обезбедени, проблемот  е што на локацијата каде треба да се гради има фарма. Таа треба да се отстрани за да се издаде одобрение за градба. Затоа на средбата со делегацијата од Клуковец  им посочив, да разговараат со нивниот соселанец, да го убедат делот кој зафаќа дел од катастарската  површина    за новото школо, да биде отстранет и да започна градежните работи - изјави на прес конференција градоначалникот Аце Коцевски.

Проблемите со условите за настава во подрачното училиште во село Клуковец започнаа од есента 2016-та годна, и секоја учебна година на почетокот има бојкот, кога децата не посетуваат настава, барајќи подобри услови за учење.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »