речник контакт

Една фотографија, на неа пет генерации од семејството Маневски

Највозрасниот член Марија има 89 години а нејзината пра-пра внука Лина една година

Петар Печков

Деновиве наидов на семејна фотографија каде  се фотографирани пет генерации од едно семејство. Почнувајќи од највозрасната  Марија Маневска  која има 89 години до најмладиот член пра-пра внуката на Марија, Лина која има една  година. Објаснување кој е кој на фотографијата даде    Коца Малиновска, ќерка на Марија, која и покрај годните има добро здравје, но сеќавањата полека бледнеат. 

На фотографијата сме мојата мајка Марија Маневска, јас и мојата сестра   Пале Бабуновска, моите две ќерки Горица Настовска и Маријана Малиновска.  Тука е и ќерката на Горица, Ана  Илиевска,  која пак има исто така ќерка  Лина. Таа е пра-пра внука на мајка ми Марија. Тука сме сите, една лоза на семејството Маневски, која е само женска - објаснува Коца. 

Моментот е овековечен неодамна, на семејна веселба, по што присутни го препознале моментот кој треба да остане во трајно сеќавање. Ретки се ваквите моменти која семејството може да се собере и да се радува на средбата.

Малата ќерка Маријана живее во Канада,  поголемата ќерка живее со фамилијата во Германија. Дојдоа сите оти правевме роденден за  Лина,  моја прав внука, внука    на ќерка ми.  Беше преубаво чувство да се собереме сите, толку генерации  на едно место. Колку повеќе деца има во куќа, толку е повесело - додаде Коца.

Нејзината мајка поголемиот дел од животот го минала во село Крајници, домаќинка, градинарство.  Нејзиниот сопруга бил Стојан Маневски кој починал во 2012-та година, вработен во ЈКП Дервен.  Во  семејството преовладуваат женските, мајката на Коца , Марија биле четири сестри, Коца со сестра и се две, Коца има две ќерки додека само сестри Пале има два сина, кои  пак имаат ќерки. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »