речник контакт

Едно се изгради, друго се оштети

Се изгради ѕидот на патеката до црквата Св. Пантелејмон а се оштетија повеќе гробни места.

Петар Печков

Не мало и непријатно изненадување имаа блиските и починатите  во црквата Св. Пантелејмон кога неодамна ги посетија гробните места на нивните блиски, покрај новоизградениот ѕид на патот до храмот. Градежен шут, камења, смет и понекој скршен крст.

Сето тоа се случуваше на празникот на мртвите, и жестоки беа нивните реакции за односот на изведувачот на работите, кој мислел само како да го изгради ѕидот а никако како да ги елиминира последиците од нивната работа. Затоа на посетителите на гробните места, иако беше празник не им преостана ништо освен да ги засукаат ракавите и само го почистат сметот. Но дел остана.

Од приложените фотографии можете да видите каква се  е состојбата на дел од гробиштата во Св. Пантелејмон, тие покрај новоизградениот ѕид.  Надлежните од општина Велес, откако ја констатираа ваквата состојба, најавија дека дале налог на изведувачот на работите, на кршењето на оградата која претходно постоеше, да го отстранат шутот, сметот и камењата кои останаа по нивната несовесно извршена работа.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »