речник контакт

Едукативна активност „Bози одморен“ за возачите кои минуваат по автопат

На возачите им биле поделени и летоци со едукативна содржина и вода за освежување

Петар Печков

Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес на автопатот ,,Пријателство“, на наплатната рампа ,,Виничани“ и наплатната рампа ,,Демир Капија“ спроведоа превентивна активност ,,Вози одморен“.

„Заморот е една од главните причини за предизвикување на сообраќајни несреќи во овој период, а овие превентивни активности се главно насочени на делницата од граничниот премин Табановце до Гевгелија, каде во овој период особено се зголемува бројот на возила, особено странски туристи што поминуваат преку овој коридор“ - соопштуваат од МВР.

На возачите им биле  поделени и летоци со едукативна содржина и вода за освежување.

„Целта на денешната активност е подобрување на безбедноста во сообраќајот на патиштата преку едукација и подигање на свеста кај возачите како учесници во сообраќајот и намалување на незгодите кои се последица на заморот“ - додаваат од МВР.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »