Петар Печков
Објавено: понеделник, 24 февруари 2025
Hа неколку локации во Велес била спроведена едукативна кампања под мото „Не користи мобилен телефон додека возиш“.
„На возачите им беше укажано на опасноста и последиците кои ги предизвикува користењето на мобилниот телефон за време на управување со моторно возило, а воедно беше нагласено дека е неопходно и почитување на сообраќајните правила и прописи“- соопштија од МВР.
При оваа активност бил поделен и едукативен печатен материјал изработен од РСБСП, со цел зголемување на свеста на учесниците во сообраќајот и влијание на зголемување на личната безбеднот но и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.
Едукативно превентивната активност е реализирана од страна на Отсекот за превенција при СВР Велес во соработка со полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Велес.
фото МВР
Tweet |