речник контакт

Едукативна работилница на СВР Велес во ОУ Тодор Јанев во наслеба Чашка

Едукативната работилница беше одржана за учениците од осмо и деветто одделение

Петар Печков

Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес заедно со полициски службеници од Полициското одделение Чашка согласно планот за превентивниот проект „За безбедност во училишта“, реализираа едукативна работилница во Основното општинско училиште „Тодор Јанев“ во општина Чашка.

„Преку соодветно подготвени презентации учениците беа запознати со сите за нив важни аспекти од темите, особено околу ризиците и законските последици од разните облици на социо-девијантно однесување и со начините како тие да се препознаат, со цел правилно да ги превенираат и да се заштитат“ – информираа од МВР.

Фокусирајќи се на темите за превенција од врсничко насилство, насилство преку социјални мрежи и превенција од зависности, едукативната работилница беше одржана за учениците од осмо и деветто одделение.

 фото МВР

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »