речник контакт

Едукативни предавања за средношколците од Велес, „Петарди НЕ- безбедност пред СЀ ”

Предавањата ги извршиле службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес, заедно со медицински лица од Универзитетска клиника за пластична и реконструктивна хирургија при КЦ „Мајка Тереза“ од Скопје

Петар Печков

Во текот на вчерашниот ден четврток, 28 декември, на подрачјето на Секторите СВР  Велес била реализирана превентивна активности, примарно насочена кон превенцијата од употреба на пиротехника и оружје во текот на Новогодишните и Божикните празници.

На подрачјето на СВР Велес во општинските средни училишта „Димитрија Чуповски“, „Кочо Рацин“ и „Коле Неделковски“ во Велес, „Кирил и Методиј“ во Неготино, како и во основното општинско училиште „Пере Тошев“ во  Росоман, од страна на полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес, заедно  со медицински лица во рамките на кампањата на МВР со Универзитетска клиника за пластична и реконструктивна хирургија при КЦ „Мајка Тереза“ од Скопје, на учениците им биле одржани едукативни предавања на тема „Петарди НЕ- безбедност пред СЀ ”.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »