речник контакт

Едукативни работилници на СВР Велес за сузбување на родово базирано насилство и за последиците од користење петарди

Работилниците се одржани во средното училиште Коле Неделкоски во Велес и во две ОУ во Неготино

Петар Печков

Во средното стручно општинско училиште ,,Коле Неделковски" од Велес беше одржана едукативна работилница ,,Живот без насилство". 

Таа е реализирана од  Отсекот за превенција при СВР Велес во соработка со Организацијата на жени во општина Велес,  и Комисијата за еднакви можности помеѓу мажите и жените од Општина Велес.

„Едукативната работилница ,,Живот без насилство" беше  посветена на подигање на свеста за сузбивање на родово базираното насилство. Во текот на разговорите со учениците  беше укажувано како да ги препознаат сите видови на родово базирано насилство односно како да се заштитат“- информира Биљана Ѓаковска портпарол на СВР Велес.

Денес пак во Општинските основни училишта „Страшо Пинџур" и „Гоце Делчев" во Неготино, во пресрет на Новогодишните и Божикните празници, спроведена била едукативна работилница „Петарди не, безбедност пред се“.

„На едукативната работилница на учениците им беа претставени штетните последици од користењето на пиротехнички средства, како и законските прописи кои го санкционираат недозволеното користење на пиротехнички средства“- дополни Ѓаковска.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »