речник контакт

Едукативно предавање за учениците од ОУ „Рајко Жинзифов“ за безбедно одење и враќање од училиште

Било одржано и едукативно предавање на тема „Не за користење на пиротехнички средства“

Петар Печков

Во Општинското основно училиште „Рајко Жинзифов“ во  Горно Оризари, со учениците од прво до четврто одделение полицијата   спровела едукативна работилница на тема ,,Безбедност при одење и враќање од училиште“.

„Децата беа запознати со најосновните правила и прописи за нивна поголема безбедност во сообраќајот, но и со можните сообраќајните опасности и ризици на патот до училиштата и назад кон својот дом“ - соопштија од МВР.

Едукациајта била реализирана  од страна на полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес и од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Велес

„Исто така, на учениците им било  одржано и едукативно предавање на тема ,,Не за користење на пиротехнички средства “, при што преку наменска презентација им беа претставени штетните последици од користењето на пиротехнички средства, како и законските прописи кои го санкционираат недозволеното користење на пиритехнички средства“ - додаваат од МВР.

АНКЕТА »

Дали намалените цени со новогодишната потрошувачка кошничка се помош за домашниот буџет

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »