речник контакт

Едукација за учениците основци како да се заштитат од ковид-19

Едукацијата ја врши волонтер од ОО на Црвен крст Велес

Петар Печков

Како правилно да се мијат рацете за да се заштитиме од Корона вирусот? Колку долго тоа треба да трае? Дали знаеме правилно да се миеме? Како се поставува и се вади заштитна маска?

Одговорите на овие прашања ги дознаа учениците од пониските одделенија, кои посетуваат физичка настава, од Основното училиште „Панко Брашнар“ во Велес, во рамките на едукацијата која ја започна  Општинската организација на  Црвен крст Велес. Неа ја изведува волонтер, кој претходно минал обука а  ќе ги реализира со децата од основните училишта во градот.

„Целта е преку правилен начин на одржување  хигиена за  децата да го намалат ризик факторот за заразување или пренос на вирусот. Голем дел од знаењето тие го добиваат преку слики, примери и игри. Предавањата се прилагодени за нивната возраст и за децата се многу интересни“ - кажа Орце Николов, секретара на ОО Црвен крст Велес.

На првиот ден се одржаа два едукациски сесии на кои беа опфатени 30-тина ученици.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »