речник контакт

Едукација за жителите на Градско, Ногаевци и Виничани за заштита од телефонски измами

Во рамки на превентивните активности, извршени со повозрасната популација, бил поделен печатен едукативен материјал

Петар Печков

Во населба  Градско и  селата Ногаевци и Виничани спроведена е превентивна активност на тема „Внимавај, телефонски измами“. СВР Велес апелира граѓаните да бидат внимателни, да не наседнуваат на овој вид на измами и да бидат внимателни при комуникација со непознати лица, а секој сомнителен случај да го пријават во полициска станица.

„Активноста беше реализирана со цел да се информираат и едуцираат граѓаните за опасностите од телефонските измами, како да се препознаат и да не дозволат да бидат жртви на овој вид измами. Во непосредна комуникација на граѓаните, особено на повозрасната популација, им беше укажано дека најчест вид на измами се оние кога непознати лица ги доведуваат во заблуда дека нивни блиски се жртви на сообраќајни несреќи, се претставуваат како полициски службеници, лекари, адвокати и им бараат одредена сума на пари за да се изврши операција или пак за ослободување од кривичен прогон на членови на нивните семејства“ – соопштија од МВР.

Во рамки на превентивните активности бил  поделен печатен едукативен материјал. Едукацијата беше реализирана од  полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес.

фото МВР

АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »