Петар Печков
Објавено: понеделник, 23 декември 2024
Во општинското основно училиште „Рајко Жинзифов“ во Горно Оризари, велешко, била одржана едукативна работилница со учениците од шестто до деветто одделение. Ученците биле запознаени на повеќе теми: „Насилство во училиштата“, „Врсничко насилство“, „Сајбер Булинг“, и „Кажи не на зависности од дрога, алкохол, цигари“.
„На работилницата, преку наменска презентација, учениците беа запознаени со формите на насилничко однесување, начините и методите за справување со овој вид на девијантно однесување помеѓу младите, а им беше укажано и на последиците“ - соопштија од МВР.
Учениците добиле информација генерално за сите негативни влијанија коишто ги имаат зависностите врз развојот на младата личност.
„Воедно учениците беа информирани за штетноста по здравјето од користењето наркотици, алкохол и цигари, за формите и манифестацијата на зависностите, како и за агресивното и асоционалното однесување што е последица од користење на наркотици“ - дополнија од МВР.
Предавањето било одржано од страна на полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес
Tweet |