речник контакт

Едукација на граѓаните за заштита од компјутерски криминал

Целна група биле повозрасните лица кои се полесна мета на измами и се недоволно упатени во функционирањето на социјални мрежи и начините на плаќање

Петар Печков

На подрачјето на Градскиот пазар, „Сармаале“, како и на подрачја со поголема фрекфенција на граѓани, во неделата  спроведена е превентивна-едукативна активност во рамките на кампањата на министерството насловена како „МВР за граѓаните“. Посебен акцент  во разговорите со граѓаните е ставен за превенција од кривични дела од областа на компјутерски криминал „компјутерска измама“, „злоупотреба на лични податоци“ и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

„Целта на активноста беше да се информираат граѓаните за овие видови на кривични дела и да се едуцираат како да се заштитат од ваков тип на криминал. Целна група беа повозрасните лица кои се полесна мета на измами и се недоволно упатени во функционирањето на социјални мрежи и начините на плаќање, на кои преку примери им се укажуваше и појаснуваше за формите на овие видови на измами, да не инсталираат апликации со кои им овозможуваат на измамниците далечински пристап во нивните мобилни телефони и електронско банкарство“ – соопштија од МВР. 

Превентивната активност е реализрана од  полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес, заедно со полициски службеници од Отсекот за компјутерски криминал при СВР Велес.

АНКЕТА »

Дали сте задоволни од настапот на македонската ракометна репрезентација на СП?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »