речник контакт

Едукација на населението од Азот за пожарите

„Пламените јазици се незапирливи" превентивна активност за жителите на Велес и кавдарци каде има полјоделски, лозарски и овоштарски насади

Петар Печков

Денеска 24 март, недела, во регионот на Азот, Богомила, Согле, Теово  реализирана е  едукативна активност, за запознавање на локалното население за пожарите. Неа ја реализираа   полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес под мотото „Пламените јазици се незапирливи".

Активноста беше реализирана на излетнички и туристички места, села и места каде во овој период се обработуваат полјоделски, лозарски и овоштарски насади на подрачјата на Велес и Кавадарци.

„Полициските службеници, преку непосредни разговори ги запознаа граѓаните за најчестите причини за настанување на шумските пожари, кои превентивни мерки да ги преземат за да се заштитат шумите како најголемо богатство од пожари, а беше потенцирана и потребата за поголема соработка и навремено пријавување на какви било појави на несовесно однесување од страна на граѓани, како што се фрлање и палење на ѓубре отворен простор и во близина на шумски појаси, со цел навремена и брза реакција на сите институции“ – инфомрираа од МВР.
.
Во рамки на активноста биле  поделени и едукативно-информативни летоци, изработени во соработка со ЈП „Национални шуми“.

 фото МВР

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »