речник контакт

Едукација на пензионерите од компјутерски криминал

Целна група биле повозрасните лица кои се полесна мета на измами и се недоволно упатени во функционирањето на социјални мрежи и начините на плаќање

Петар Печков

Во Пензионерскиот дом во Велес спроведена е превентивно-едукативна активност во рамките на кампањата  „МВР за граѓаните“ со посебен акцент за превенција од кривични дела од областа на компјутерски криминал „Компјутерска измама“, „Злоупотреба на лични податоци“ и „Оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.


„Целта на активноста беше да се информираат граѓаните за овие видови на кривични дела и да се едуцираат како да се заштитат од ваков тип на криминал. Целна група беа повозрасните лица кои се полесна мета на измами и се недоволно упатени во функционирањето на социјални мрежи и начините на плаќање, на кои преку примери им се укажуваше и појаснуваше за формите на овие видови на измами, да не инсталираат апликации со кои им овозможуваат на измамниците за далечински пристап во нивните мобилни телефони и електронско банкарство“ - соопштија од МВР.

На присутните пензионери им биле презентирани најчестите смс пораки со кои се повикуваат да платат мал износ парични средства, за одреден продукт, добивка на парични средства и добивки на крипто валути, а всушност се предмет на кражба на податоци од нивните платежни картичко.

Им беше укажано околу начините и постапките кои треба да ги преземат со цел да се заштитат од сторителите на вакви кривични дела. Воедно на пензионерите им беше поделен и материјал со едукативна содржина.

Едукацијата на извеле полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес заедно со полициски службеници од Отсекот за компјутерски криминал при СВР Велес.

фото:МВР

АНКЕТА »

Дали сте задоволни од настапот на македонската ракометна репрезентација на СП?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »