речник контакт

Едукација на пешаците за безбедно преминување на улица

Посебно било потенцирано да се внимава кога пешаците се движат по неосветлени улици

Петар Печков

На неколку локации во Велес реализирана е превентивно- едукативна активност во која главен акцент бил ставен на безбедноста на пешаците. Тие, како активни учесници во сообраќајот, имаат обврска да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.  Активноста е реализирана од  Отсекот за превенција при СВР Велес. 

„Улицата треба да ја преминуваат единствено на обележан пешачки премин, при тоа да не користат слушалки и мобилни телефони, да бидат внимателни, особено во вечерните часови кога се движат на неосветлени локации“ – соопштија од МВР:

На граѓаните им биле поделени печатени едукативни материјали со препораки за безбедно учество во сообраќајот, изработени во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност Скопје.

фото МВР

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2025?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »