речник контакт

Едукација на средношколците од Гимназија за сообраќајната култура

Освен за безбедноста во сообраќајот, учениците биле едуцирани и за врсничкото насилство и сајбер булинг

Петар Печков

Bо средното општинско училиште „Кочо Рацин“ во Велес, беше одржана едукативна работилница со учениците од четвртта година на тема „Сообраќајна култура на младите возачи-безбедно во сообраќајот“.

„Основната цел на активноста беше зголемување на сообраќајната култура во насока на почитување на сообраќајните правила и прописи, како и внимателно управување со моторни возила како возачи почетници-учесници во сообраќајот. Стана збор и за последиците кои може да ги предизвика брзото возење, како за нив, така и за останатите учесници во сообраќајот“ - соопштија од МВР.

Едукацијата била извршена од  полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес заедно со полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај. Истовремено било реализирано и предавање за насилството.

„Исто така, на учениците им беше одржано и едукативно предавање на тема „Насилство во училиштата“, односно за темите „Врсничко насилство“ и „Сајбер булинг“, како и превенција и заштита од уцени и изнуди помеѓу учениците. Учениците беа запознати со начините и методите за справување  со девијантното однесување помеѓу младите, а им беше укажано и на последиците од девијантното однесување“ - дополнија од МВР.

фото МВР

АНКЕТА »

Дали намалените цени со новогодишната потрошувачка кошничка се помош за домашниот буџет

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »