речник контакт

Едукација на учениците од Градско за онлајн насилството

Со учениците се разговарало за безбедно доаѓање и заминување на учениците од училиште

Петар Печков

Едукативна работилница за учениците од Основното училиште во Градско, за сајбер булингот. Неа ја одржале  Отсекот за превенција при СВР Велес и полициски службеници од Полициска канцеларија Градско.

„Во основното општинско училиште ,,Даме Груев" во Градско, беше одржана едукативна работилница на тема ,,Насилство во училиштата“, со посебен акцент на т.н. „сајбер булинг“ и начините и методите кои треба да се користат во справување со овој вид на девијантно однесување помеѓу младите. Исто така, со учениците се разговараше и на тема „Безбеден во сообраќајот, безбедни пешаци", со посебен акцент за безбедно доаѓање и заминување на учениците од училиште“ - соопштија од МВР.

фото  МВР

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »