Петар Печков
Објавено: вторник, 11 февруари 2025
На подрачјето на општина Велес, реализирана е превентивна активност под мотото „Стави појас, вози одговорно“. Целта е зголемување на безбедноста при патување со возила и подигање на свеста за употреба на сигурносните појаси од страна на возачите и патниците.
„Во разговор со учесниците во сообраќајот, полициските службеници ги потсетуваа и на обврската за задолжително користење на сигурносен појас во возилата, а воедно беше укажувано и за доследно почитување на сите сообраќајни правила и прописи“ - соопштија од МВР.
При превентивната активност на возачите им бил поделен и едукативен печатен материјал изработен од страна на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Превентивната активност е реализиран од отсекот за превенција при СВР Велес и полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Велес.
фото МВР
Tweet |