речник контакт

Езера со вода по секој дожд по велешките тротоари

Ако се движите по велешките тротаори откако ќе падне дожд имате две опасности. Да ве избањаат шоферите поради дупките полни со вода на коловозот. Или да не можете да ги минете езерцата вода поради нивната голема површина која е невозможно да се мине без снаодливост.

Петар Печков

Пролетниот дожд, кој годинава го има често и изобилие ги откри пропусти на велешките градители. На најфрекфентниот тротоар, на улица Благој Ѓорев, кај Гимназијата по секој дожд се создаваат  езера од вода кои го оневозможуваат нормалното минување на граѓаните.

Така беше и вчеравечер кога наместо да се ,,удават,, во водта, тие решија да одат како ,,Марица по жица,, по ивичникот од тротоарот. Па еден предлог, и така овој тротоар моментало се работи, изведувачот да ги среди овие дупки, за да не биде  работата,, непотребно фрлање на пари,, како што реагираа минувачите гледајќи како меѓусебно се мачат да минат преку локвите со вода.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »