речник контакт

Езеро Младост, Вардар и Тополка порибени со 580 кг риба (фото)

Порибувањето на „ревир 4“ согласно договорот за концесија го изврши ЗСР „Бабуна“ од Велес

Петар Печков

На истекот на годината, Здружението на спортски риболовци „Бабуна “ од Велес,  изврши порибување на велешкиот ревир со 500 кг риба. Порибени беа  езерото Младост со 300 кг крап, реката Вардар со 200 кг крап и реката Тополка со 80 кг пастрмка.    ЗСР „Бабуна“ како концесионер на „ревирот 4“, има обврска со договорот за изврши порибување со определени количини на подмладок на риба. Подмладокот на риба е набавен со средства на здружението, од признаени репродуктивни центри во земјава.

Порибувањето  на река Вардар со крап се изврши бидејќи таа е прилагодлива на  сите услови и квалитетот на вода кој го има,но и според препораките од Министерството за водостопанство со кого го потпишавме договорот за концесија. Може да се пушти и клен, но за жал за него нема порибителен материјал во земјава.  Поради присуство на одреден вирус во рибите во река Бабуна, од  Агенцијата за храна  и ветеринарство ни препорачаа  дека не треба да има порибување на оваа река. Затоа количините на пастрмка со тежина до 70 грама,  што беа предвидени за оваа река, се пуштија во река Тополка.  Нејзиното порибување се изврши далеку од зоната, каде водата е често е загадена   - кажа Мартин Павлов, претседател на ЗСР „Бабуна“ од Велес.

Заради заштита на пуштениот подмладок на риба, овие денови чуварската служба на ЗСР „Бабуна„ врши засилени контроли на реките Тополка и Вардар, и езеро Младост.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »