речник контакт

Езеро Младост да прерасне како транзитна туристичка дестинација, со помош на ЕУ

Проектот „Паметно езеро Младост“ треба да заврши кон крајот на овој месец август

Петар Печков

Со помош на канцеларијата на ЕУ во Скопје, езеро Младост доби можност да биде транзитен туристички центар. Проектот  е  вреден еден милион евра, од кои 900 илјади се средства од ЕУ а сто илјади од Општина Велес. При крај е   неговата реализација, градежните работи се најавува дека ќе завршат на крајот од месецов.

Проектот „Паметно езеро Младост“ опфаќа десетина содржини и  треба да овозможи туристите кои се на пропатување по автопат од и  кон Грција,  да имаат понуда за да останат покрај езерото, но и да се создадат нови работни места.

„Ќе се запрашете зошто ЕУ дава поддршка на вакви проекти. Одговорот е едноставен. Убедени сме дека од туристичката понуда на земјата од природните убавини и културното наследство. Со помош на туризмот е креираат нови работни места, се помага на локалната економија.   Овој туризам е познат како зелен туризам“ - рече Дејвид Грин амбасадор на ЕУ во Скопје.  

Проектот опфаќа  меѓу другото изградба на еко-камп, забавен парк за деца,  куќи во форма на барик за преноќевање,  пешачка и велосипедска патека, осветлување на патеките, еко- училници за настава на отворено,  регионално туристичко биро,  станица со 20 електрични велосипеди, платформа за набљудување на птици и хранилиште.

„Со овој проект ЕУ му даде голема можност и шанса Велес да прерасне во транзитна туристичка дестинација, ен само во земјата туку и во регионот.  Ова е можност да се искористи потенцијалот на езерото, покрај кое секоја година минуваат два милиони туристи“ - кажа градоначалникот на Велес Аце Коцевски.   

Проектот започна да се реализира пролетта 2020-та а треба да заврши кон крајот на овој месец, август.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »