речник контакт

Езеро Младост и Бабуна за капење, Вардар не

Тополка делумно квалитетна за капење, полевање и поење стока

Петар Печков

Центарот за јавно здрајве од Велес ги објави резултатите од квалитетот на водите кои се користат за рекреативна намена од страна на граѓаните. Податоците покажале дека езерото Младост, реката  Бабуна и  поголемиот дел  од  реката Тополка можат да се користат за капење, наводнување или  поење на стока, додека реката Вардар, во теченито од влезот до излезот од Велес, не е за ниту една употреба.  

Класирањето на површинските води се врши врз основа на санитарно-хигиенските увиди на повеќе мониторинг места, на сите овие водни текови. Согалсно уредбата за калсификација на водите и  концентрации на допиштени опасни материи, водите од втора калса, може да  се користат за капње и реакреација а од треата калса из а  наводнување. Повеќето  овди  во в елешко  се со овие квалификации  -   велат  од ЈЗУ   Центар за јавно здрајве  Велес.

Езерото Младост се ипситува на три места, вливот на Отовичка река, плажата пред Хотел Романтик и Градската плажа пред некогашниот кампинг простор. Од резултатите се заклучлува дека водите се  2-ра класа  по бактериолошка контаминација и исто така 2-ра класа по зголемена матност и сатурација, но не се штетни по здравејто на луѓето и можат да се користат за капење, рекреација и наводнување.  

Примероци од реката Бабуна се земаат од три места во горниот и долниот тек, како и пред влив во Вардар. И таа е со квалитет на 2-ра класа  бактериолошки контаминирана, со зголемена матност и сатурација, но може да се користи за реакреација, капење и полевање.

 Примероци од реката Тополка се земаат исто така на три места, наслеба Чашка, Пашин мост кои се од втора  категорија и на трета локација, пред вливот на реката Вардар  реката Тополка е во петта класа и тука водата не е за  употреба.

Таков лош квалитет има и реката Вардар, од влезот во градот до излезот. Се мери на три мерни е места мост на Башино село, кај Долни дуќани и под вливот на Бабуна. Водите на Вардар се во петта категорија по матност и бактериолошка контаминација додека е во трета категорија по присуства на суспендирани честички и затоа не смеат да се користат за капење, рекреација и наводнување.

До пред четири години повикувајќи се на овие резултати Општина Велес ги предупредуваше граѓаните кои води се забранети за употреба, но оваа законска обврска подоцна престана. 

АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »