речник контакт

Езеро да за капење, Вардар никако

Тополка и Бабуна може да се користат, но во горниот тек

Петар Печков

Испитувањата на квалитетот на реките  велешко и езерото Младост покажале дека тие се со различен квалитет. Од Центарот за јавно здравје  од Велес  препорачуваат велешани ако сакат да се освежат тоа да го прават на Градскиот базен каде водата редовно се  испитува и таа  покажува добри резултати, како и езерото  Младост, каде нема вредности на бактериолошки и хемиски испитувања, кои ќе влијаат на здравјето на капачите.

За разлика од  нив реката Вардар од Башино село низводно е во петта категорија и таа не треба да се користи ниту за капење, ниту за поење на стока, ниту за наводнување и полевање. Реката Бабуна може да  се користи за капење до т.н. Градска плажа повисоко од Кланицата на Агрија, подоле не. Реката Тополка пак   може да се користи за капење   до Пашин мост, подолу не. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »