речник контакт

Езерото Младост заборавено и пусто

Езерото Младост недостапно за транзитните туристи, заборавено од велешани, не е ни приближно слика од гужвите пред некоја година

Петар Печков

           Одличната местоположба на велешкото езеро Младост не е ни малку во корелација со бројот на гостите кои ги користат неговите услуги. Бројните угостителски капацитети се скромно искористени а иако има можност за кампување освен стотината редовни гости, други нема.

 

Причината за ваквата неискористеност на езерото е слабата патна поврзаност на езерото со двата крака од автопатот Скопје- Гевгелија и обратно. Иако сместен помеѓу нај фреквентните патишта во земјава, ни оддалеку езерото не е посетено а бреговите пусти и празни. Ако тука до пред некоја година беше омилено летувалиште за велешани и тие  му го завртија грбот, сега тоа е пусто и празно.

        

 Како до одиме на езеро на капење кога видете ги плажите неуредени, нечисти, обраснати со трева и трска.  Властите го заборавија така што нема што да бараме повеќе на езеро. Времињата се сменија потребни се тушеви, санитарни јазли, вода а без нив не е можно да се развива туризам – велат велешани кои до пред неколку години го преплавуваа брегот на езерото а сега е очајно пуст.

 

Ги нема ни одморџиите кои доаѓаа од Скопје, Штип, Свети Николе и тие си заминаа.  Затоа пак тука се  камперите кои се сместени во педесетина тврди камп приколки и градби. Тие се тука со години, но се незадоволни од условите за кампување, бидејќи нема никаква инфраструктура, струја, вода, вц, има само улично осветлување. Затоа веќе втора година по ред локалната самоуправа не им наплатува надомест за користење на просторот, се додека не се создадат нормални услови за летување.

 

Ниту најголемиот брод во земјава, атракцијата  ,,Панини,,, лоцирана во водите на езерото и покрај тоа што е привлечен за туристите, поради патната  неповрзаност,  не е пристапен за гостите, кои можат само да го видат од далечина од автопатот. Гостите, транзитни туристи се бројат на прсти на трите угостителски објекти лоцирани покрај езерото Младост Најмногу се срби кои имаат некои познавања на теренот и затоа доаѓаат.

       

 Овде е прекрасно да се одмори човек по долгото патување кон или од Грција. Само штета е што нема никаде патокази или било какав реклама за езерото. Згора на тоа пристапниот пат кон автопатот за Солун е очајно лош а додека на враќање од Грција,  езерото можете само да го видите, нема пат до него. Дојдовме бидејќи од ланските патувања знаеме за езерото и затоа сме тука – вели српска четиричлено семејство од Ниш, кое ручаше на хотелот Романтик. Локалните власти уверуваат дека  преземаат чекори за езерото да биде посакувана дестинација и место каде ќе може да се избега од летните горештини.

   

 

Плажите се во надлежност на Министерството за транспорт и додека на не префрлат на локалната власт не можеме да ги уредиме, а веќе се започнати активности да се  гради крајбрежна патека во должина од 5,7 км. Општината се задолжи за да земе кредит со кој ќе донесеме вода за пиење до езерото Младост. Што се однесува до  приодните патишта ќе мора и  угостителите да земат учество во нивното реновирање, бидејќи тие ќе имаат и најголема корист од сообраќајната инфраструктура – вели Горан Петров градоначалникот на Велес.

 

 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »