речник контакт

Езерото Младост преполно, уште пола метар за прелевање (фото)

За два дена се преполни езерото, кое цела есен се празнеше

Петар Печков

Пола метар фали за водата од езерото Младост да прелие. Таква е состојбата на оваа акумулација по интензивните врнежи кои ја зафатија Македонија изминатата седмица. Тоа е зголемено во должина 5 метри а  нивото е подигнато за еден метар, посочуваат луѓето кои  често престојуваат таму.

Згора на та двете реки Отовичка и Рудничка се активираа по подолга пауза од половина година, така што се очекува нивото деновиве да се зголеми.  Колку е покачено нивото илустрираат две фотографии, од столбот во средината на езерото, до каде е водата како и некогашната куќарка за рибарење која сега скоро и да не се гледа.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »