речник контакт

Езерото Младост се поплитко

Нивото на велешкото езеро Младост секој ден е се пониско и пониско и за овој месец август тоа се спуштило за еден метар.

Петар Печков

На ваквата состојба алармираат луѓето кои таму кампуваат и секојдневно се сведоци на паѓањето на езерското ниво. За разлика од минатите години кога тоа се случуваше во септември и октомври, годинава тоа се случува мошне рано, уште во август.

Сведоци сме како нивото на езерото секој ден се симнува по пет сантиметри. По брегот од плажата се гледа колку тоа се повлече за само еден месец. Можеме да видиме како околните огромни површини со грозје се наводнуваат со вода од езерото а се слуша и како пумите ја влечат водата. Има ли крај на оваа голгота што секоја година му се случува на езерото - вели Жарко Миланов, кој секојдневно го посетува езерото Младост.

Камперите кои со години летуваат на езерото, посочуваат дека ова е четврта година како нивото неконтролирано се намалува во овој период од годината и тоа откога, некогашниот концесионер со водата АК Лозар, престана да постои. Иако немаат надлежност, повторно на терен излегоа луѓето од локалната самоуправа на Велес кои констатираа дека водата  има пониско ниво.

Треба ли да потсетиме дека август беше пеколно жежок, без врнежи а езерото има мала површина која се испарува мал прилив и доток на вода од Отовичка река. Факт е дека водата се користи за полевање и Министерството за земјоделие конечно треба го даде на некој концесионер кој ќе управува во водениот потенцијал – изјавија од локалната  самоуправа на општина Велес.

Надлежните од Министерството за земјоделие, кое како вештачка акумулација управува со водената површина објаснуваат дека примарна цел на езерото е да служи за наводнување на околните површини додека како последна осма е за спорт и рекреација. Тие и натаму , не откриваат дали, на кого и под кои услови е дадена водата од езерото на користење.

Водите на велешкото  езеро покрај тоа што се користат рекреативно, со нив се наводнуваат  над 800-тините хектари лозови и овошни насади.  Во Министерството за земјоделие е започната процедурата за пренос на сопственоста на водата во надлежност на ЈП Лисиче од Велес.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »