речник контакт

Езерото Подлес близу Градско да стане туристичка дестинација

Езерото дел од винската рута

Петар Печков

На 14-тина километри од населбата Градско, се наоѓа вештачката акумулација Подлес . Таа е близу истоименото село  и до неа се стигнува по асфалтен пат. Се наоѓа на падинате од планината Клепа.  За развој на овој предел, Вардарскиот плански регион доби средства од Бирото за  регионален развој  и  Министерството за локална самоуправа,  со кои се планира да се развива туризмот во овој централен дел на Македонија. 

Планирано е уредување и опремување на езерото Подлес, со кое тоа би прераснало во рекреативен туристички центар. Преку промоција на овој локалитет,треба да се привлечат бројните туристи кои тука минуваат од и за Грција. Секако ќе биде и дел од т.н. винска рута,која  како проект е дел од развојот на Вардарскиот регион. Езерото има идеална можност според место положбата за рекреација. Тоа е привлечно освен за жителите на општината Градско, така и на соседните Велес, Кавадарци, Неготино - изјави градоначалничката Жанета Чаушевска.  Со добиените средства планирана е изградба на летниковци, поставување на клупи, рекреативни патеки, уредување на околината.   Овој проект за кој веќе е потпишан договорот со Бирото и Министерството и тој треба да се работи наредните месеци и  да заврши на почетокот од есента.  Целиот проект чини 1,8 милиони денари.  Езерото  Подлес е вештачка акумулација  создадена од некогашниот агрокомбинат Лозар со цел наводнување на бројните површини со овошки и жито во околината на Градско. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »