речник контакт

Екипата на 5 ФМ радио го подели третото место на турнирот на медиумите

Успешен настап за велешките рекреативци

Петар Печков

Составот на  екипата  на  5 ФМ Радио од  Велес дојде  до полуфиналето на традиционалниот натпревар на  медиумите, кој го организира Спортското радио 903 од Скопје.  

Младите и  надежни фудбалери на 5ФМ загубија во полуфиналето од  АЛСАТ М и тоа на  пенали   3:4, откако играа 1:1 во регуларните минути.  

Претходно во четврт-финалето велешките мајстори  на футсалот  победија  на пенали  4:2 против екипата на  МРТВ играјќи пак без голови во регуларните 20 минути.  

Селекторот Тевчев очигледно одеше да се игра нерешено, па кој  победи на  пенали, победи. И тактиката му успеа, го поделија третото место. 

5 ФМ радио играше во група со МИА која ја победи со дури 3:0   а загубија од организаторот Спортско радио 903 со 4:2.  

Составот на екипата може да го погледате на фотографијата во прилог. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »