речник контакт

Еко -инцидент на Вардар во Велес

Големи мрсни дамки пловат по реката, за среќа нема угинати риби

Петар Печков

Велешките рибари утрово забележале како по течението на реката Вардар низ градот  пловат големи мрсни дамки. Истите  ги забележале околу седум часот а по реката ги имаше се до пладне. Не е регистриран помор на рибна, но затоа имало силна смрдеа и нечистотија по  Вардар.

Кога излеговме да ловиме риба, видовме дека по Вардар пловат мрсни дамки големи по неколку метри квадратни. Мириса на ќоспе, преработен изгорен сончоглед, како што работи Маслодајна. Дамките се од индустрискиот канал во новиот дел на градот, каде се приклучени неколку  индустриски капацитети. Во првите моменти мирисаше и на киселина. Не видовме дека има некоја риба угинато, но оваа мрснотија  е лоша по еко системот на водите од Вардар – велат велешките рибари.

На лице место беа и надлежните инспектори за животна средина од Министерството и од општината, кои земаа примероци од загадената река. Тие ќе бидат дадени на испитување,за да се утврди кој е сторителот на овој еко- инцидент. Ист ваков се случи и пред два месеци, но тогаш остана без разрешница.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »