речник контакт

Еко акција

Св. Кирил и Методиј како носител на зелено знаме го одбележа денот на еко акцијата

Петар Печков

По повод Светскиот ден на еко-акциите на еко училиштата  ОУ Св. Кирил и Методиј со повеќе содржини го обележа  овој ден. Тие се добитници на еко знамето и затоа ја одржаа манифестацијата во Младинскиот парк. Во дворот на училиштето се засадени дрва туи а од пластичните шишиња се создадени саксии за цвеќе.

Со овој настан сакаме да покажеме дека децата се грижат за зелена еко планета. Преку возењето ролерки кажуваме стоп на возилата, имаме и еко летала, децата се облечени во буба-- мари ,зајачиња. Еден дел од децата цртаат  други создадоа дела од сушени листови, се со една цел да покажеме дека мислиме на нашата планета – рече   Анита Мирчевска директорка на ОУ Св. Кирил и Методиј.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »