речник контакт

Еко акција за одбележување на Денот на озонска обвивка

Во ОУ Блаже Конески собрани 325 кг стара хартија и 250 кг отпадна пластика

Петар Печков

Учениците од ОУ Блаже Конески по  повод 16 Септември, Светскиот ден на озонската обвивка, организираа акција за собирање на ПЕТ амбалажа и стара хартија.

Во настанот беа вклучени учениците од прво до деветто одделение, нивните родители и наставниците.   Во еднодневната акција беше собрано 325 кг стара хартија и 250 кг отпадна  пластика. 

На овој начин  се подигнува еколошката свест , се едуцираат учениците  уште од најмала возраст,за важноста на здрава и чиста животна и работна  околина . Така се развива еколошка свест. Од собраните средства  се подобрува состојбата во училиштето и околината, како и  намалена загаденост на околината  и заштита на озонската обвивка - велат надлежните од оваа еко акција.

Таа ќе се спроведе уште во неколку наврати во текот на  учебната година, за различни поводи.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »