речник контакт

Еко акција на волонтери, се чистеше брегот на езеро Младост (фото)

Собран е еден трактор смет

Петар Печков

Еден трактор смет, собраа  волонтерите, членови на неформалната група  за почист град, кој во текот на саботата, три часа  чистеа една од плажите на езеро Младост. Околу триесетина доброволци се одѕваа на повикот  ,, во борба против сметот  на езеро Младост,,  за да се исчисти дел од брегот на езерото.  ,,Да тргнеме во беспоштедна борба против сметот и ѓубрето и се што ги уништува единствените бели дробови на нашиот Велес,,  беше апелот за еколошката акција. 

Многу ме израдува што дојдоа на помош деца, млади генерации, што е многу битно оти  чистевме и заради нив, да им  дадеме пример и оставиме  чиста околина - вели Кети Лазаревска, иницијатор на акцијата. На неа се приклучиле и вработени од ЈКП Дервен, кои обезбедиле и  алати за работа. 

Пред две седмици  оваа неформална група го чистеше брегот на реката Вардар, во центарот на Велес, близу Автобуската станица,  кај поранешното ОУ Јордан Хаџи Константинов Џинот. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »