речник контакт

Еко кампот празен без гости, времето го уништува

Заинтересирани имало, оделе го гледале и повратно не се јавувале

Петар Печков

Еко кампот на езеро Младост, дел од содржините на „Паметно езеро Младост“ вредно еден милион евра грант од ЕУ две години е неискористено, празно. Со времето  кое минува, самото се амортизира, се уништува. Ова беше прашање од Димитар Абрашев, кое како советничко му го постави на градоначалникот Марко Колев.

„Засега нема решение за Еко-кампот. Доаѓаат заинтересирани, ги носиме да го видат, гледаат.  Тука запира се, повеќе не се јавуваат, не дошле повторно“ - кажа градоначалникот Марко Колев.

Проектот „Паметно езеро Младост“ опфати  десетина содржини и  требаше да овозможи туристите кои се на пропатување по автопат од и  кон Грција,  да имаат понуда за да останат покрај езерото, но и да се создадат нови работни места.

Паркот кој се протега на површина од 12 илјади м2, содржи седум  автентични барик куќички со соларни панели за ноќевање. Таму е поставена и платформа за набљудување на птици со панорамски телескоп.

Неискористено или поточно заклучено е туристичкото биро, изградено во центарот на Велес.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »