речник контакт

Еко- проект за собирање отпадна електронска и електрична опрема

Трае до 15 ноември, ЈКП Дервен на повик го собира отпадот

Петар Печков

Во тек е есенската акција за собирање на отпад од електрична и електронска  опрема.  Овој нов еколошки проект го организираат ,,Нула отпад,, од Скопје заедно со Општина Велес и ЈКП Дервен.   Се одвива од 15 ноември.  

ЈКП Дервен обезбедува бесплатно преземање на отпадот  од домот со претходно телефонско јавување на 043/233 7689 во термин од 7 до 14ч. секој работен ден. Акцијата се одвива под мотото ,,да ја заштитиме животната средина од опасниот отпад,,.  

Организаторите на акција прецизираат што спаѓа во отпад од електрична и електронска опрема. Тоа се: големи домашни апарати –фрижидер, шпорет, машина з перење, клима  уред, мали домашни апарати –пегла, правосмукалка, тостер, фен, компјутерска опрема –компјутер, камера, видео рекордер, музички систем, опрема за осветлување неонки, сијалици, електрични и електронски апарати –бушилици, пили, машини за шиење, електронски играчки –видео игри, справи за вежбање, играчки на батерии, кабли, адаптери, полначи за мобилен. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »