речник контакт

Еко-акција, се чистеа патот кон Сопот и Островче (фото)

Во петокот акцијата се изведе и во основните училишта и градинката „Димче Мирчев“

Петар Печков

И велешани беа дел од големата републичка  еко-акција  „Викенд генералка“ кој во велешко се изведе на две локации. Според проценките на реализаторот локалната власт, учество зеле околу 150 граѓани, претставници на Граѓански здруженија, училишта, вработени во општинската администрација и во ЈКП Дервен, волонтери на Црвен крст.

Тие го  чистеа  од отпад шумскиот појас кон село Сопот и стариот пат кон Скопје, како и пластичните шишиња од Островче на река Вардар, кај Градскиот парк.  Во акцијата кај Сопот биле собрани 20 кубни метри отпад.

Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, искажа задоволство од  акцијата  за почиста животна средина.

,,Јас сум исклучително многу задоволен затоа што има голем број на граѓани и граѓанки кои се вклучија во акциите за почиста животна средина. Тоа уште еднаш потврдува колку велешани имаат силна еколошка свест и совест. Постигнавме голем резултат и  упативме добра порака“, кажа  Коцевски.

На популарното Островче на реката Вардар кај Градскиот парк во Велес се собираше пет амбалажа. На оваа акција учествуваа претставници на ЗБВП ,,Македонски спасител“, ЕГ ,,Грин пауер“ и ЈКП ,,Дервен“ и собраа околу триесетина вреќи отпад.

Во петокот учествуваа и учениците од основните училишта и децата од градинката „Димче Мирчев“.  Учениците и вработените на ООУ  „Св.Кирил и Методиј“  собраа 20 килограми пластичен отпад и 99 килограми стара хартија. Успешна акција имаа и учениците од општинското основно училиште „Рајко Жинзифов“ на која собраа 47 килограми пластика, пет вреќи отпад и електронски отпад. На еко акцијата во општинското основно училиште „Блаже Конески“ учениците собрале 20 килограми пластичен отпад, 10 килограми батерии и 10 килограми хартија.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »