речник контакт

Екологистите од Велес се сомневаат во намерите на концесионерот „Кепс маунт груп“ за нова „Б“’ еколошка дозвола за отстранување на депонијата со згура

Депонијата со згура е една од десетте црни еко-точки во Македонија

Петар Печков

Екологистите од Велес се сомневаат во мотивите на „Кепс маут груп“ по барањето за нова еколошка „Б“ дозвола, која српската компанија со седиште во Скопје, ја поднела  до Општина Велес. 

Причина за тоа е што во барањето имало и дополнителна дејност, која не фигурирала во досегашната еко дозвола за дислокација на депонијата со згура, производ на три децениската работа на велешка топилница.  

„Кепс маунт груп бара дозвола за дополнителна дејност, дробење, мелење, сеење и загревање на тешки метали или за отворање на мини рудник. Или уште една победа на капиталот над здравјето на велешани.  Затоа се противам на доделување на нова „Б“ интегрирана еколошка дозвола“ кажа Игор Смилев, член на Советот на Општина Велес.

Откако за  претходните 4 години, од октомври 2019 до септември 2023, концесионерот  извезол скоро 500 тони, тие сега  бараат нова дозвола за да продолжат да работат.   Екологистите   со став дека компанијата има  недостатокот на сериозност, што го  покажала  во досегашните операции и работа, иако им биле дадени  дополнителни можности.

„Во интерес на граѓаните на Велес  е дислокација на депонијата со згура. Министерството за животна средина им даде дозвола за друга инсталација, за дробење и ситнење на згурата. Меѓутоа од достапните информации извезени се само 500 тони згура, што е минимално во однос на вкупната тежина на депонијата од два милиони тони.  Компанијата не покажа сериозност во работата, ништо од нивите големи ветувања. Потребна е друга фирма или пак воведување на гаранции за исполнување на обврските“ - реча Сашка Коцеска, од ЕД Вила Зора.  

По основ на продадени количини на техногена минерална суровина -троска, според Министерството за економија, концесионерот од 2019 до 2022 година има платно само 13 илјади денари. На почетокот на работата  на српската компанија во  2019 година,  беше  најавено дека згурата ќе се извезува во Малезија, потоа велеа  во Турција, па  последната информација беше дека   се извезува за  Србија.  Од „Кепс маунт груп“  повторуваат  дека  за се` што сработеле досега имале дозвола од надлежните и не станува збор за нов рудник, туку начин да се отстрани згурата, која со годините добила нова форма.

„При експлоатирањето на суровината, на просторот на кој се наоѓа троската, се наиде на големи количини на шут, песок и отпад, дури и од органско потекло, а во длабочина се наиде и на големи блокови на троска кои се создале под притисокот на натрупаниот материјал. За таа цел, Министерството за економија издаде Дозвола за изведување на рударски работи според дополнителен рударски проект од 01.11.2022 година. Концесионерот водеше постапка за проширување на концесиското поле за поставување на потребната опрема за отстранување и подготовка за товарање за извоз на суровината, бидејќи полето на кое беше доделена концесијата го опфаќаше само просторот (брдото) на кој се наоѓа троската. Со Анекс на Договорот за концесија од 26.06.2023 година, концесиското поле е проширено за 2 хектари “ - соопштија од „Кепс маунт груп“.

Стручњаците предупредуваа дека со секој ветер, дел од депонијата преку прашината,  тешките метали  се разнесуваат до Велес а нејзината близина до  Вардар ја прави опасна, од можноста да се свлече и ја прегради реката.

Депонијата со згура е една од десетте црни еко-точки во Македонија.  Таа има од 6 до 10 % цинк, олово од 2,2 до 3,4%, железен оксид 25%. Има и  арсен и кадмиум, кои се опасни и токсични елементи, но од концесионерот  велат дека биле со скромно присуство  околу 0,01 отсто и не биле слободни туку врзани со други елементи, па не претставувале опасност по здравјето на жителите на Велес.

Јавната расправа за влијанието врз животната средина, како дел од постапката за добивање на „Б“ интегрирана дозвола, која беше  е закажана за 25  декември. 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »