речник контакт

Еколошка казна за асфалтната база во велешко, на ВЕ груп од Радовиш

Фирмата не постапила по издадено решение од Државниот инспектор за животна средина

Петар Печков

Државниот инспектор за живота средина до Комисијата за спогодување при Министерството за животна средина, поднел  Барање за поведување постапка за спогодување за правен субјект  Друштво за производство трговија и услуги ВЕ-ГРУПА ДООЕЛ Радовиш, за асфалтна база во Општина Велес, која е лоцирана кај Венуле.

Таа сторила  прекршок  од II категорија согласно член 212- став (1) точка 18 од Законот за животната средина, не постапиле по Решение издадено од Државен инспектор за животна средина. Глобата за овој прекршок,  за среден трговец, како во случајот изнесува од 76.000-84.000 евра во денарска противвредност.

фото архива

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »