речник контакт

Еколошките невладини организации од Македонија потпишаа Зелена платформа

Истата ќе биде доставена до политичките партии, учеснички на изборната трка

Петар Печков

Дваесет и пет невладини организации со еколошки предзнак од земјава  во Велес потпишаа  заедничка платформа за ,,Зелена Македонија,,. Тие бараат решавање на десетте проблематични еко точки во земјава.

Симболично овој чин се случи пред големата депонија со згура, во близина  на велешката Топилница а резултат на нејзиното три децениско неконтролирано  работење. Македонските еколошки здруженија бараат  од сите политички партии во земјава да се изјаснат околу десетте жешки точки кои тие заеднички ги констатираа како проблематични.

Во Велес ја формиравме неформалната еколошка коалиција во Македонија, составена од еколошки невладини организации. Имаме заеднички став околу најпроблематичните  и најбитни еколошки прашања во земјава. Но и нудиме решение за нив.  Нашите десет приоритети ќе им ги претставиме на политичките партии кои влегоа во изборна трка. Бараме и нивно решавање, не само констатирање. Оваа платформа  е поради тоа што сме загрижени за животната средина, уверени сме дека постои волја за заштита на природата, заинтересирани сме за економскиот просперитет на државата  и обединети околу заедничките проблеми. Без нивно решавање нема иднина за Република Македонија  – рече     Ненад Коциќ  од ЕД Вила Зора.

На оваа листа се најдоа историското загадување на Велес од Топлицата, проблемот со згадувањето на Кавадарци, Тетово, Скопје, Битола и Кичево, заштита на Националниот парк Маврово и реката Радика, намалување на шумската сеча во земјава, зачувување на езерата и нивниот био-диверзитет, прогласување на Шар Планина и планинскиот масив Мокра за национален парк, намалување на загадувањето на  реката Вардар. Нема приоритет која од овие ,,жешки еколошки точки,,  е примарна  да се решава

Се додека декларативно од избори на избори се најавува решавање а во пракса тоа не се случува, тоа е каскање зад суштинската екологија. Нема ниту економија, ниту социјала ако овие проблеми не се решат.  Модерниот и современиот   политичар се разликува од  останатите, по тоа што распознава и решава жешка еколошка точка. Нема приоритет во решавањето на проблемите, туку приоритет по брзината на решавањето  – рече Игор Смилевски од ЗГ Зелена сила. 

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »