речник контакт

Еколошкото дрво на желбите, за денот на пролетта

Повеќе зеленило, дрвја и цвеќе во градот,е пораката од децата од градот кој и натаму е црна еколошка точка во Македонија

Петар Печков

Денот на пролетта, денот на екологијата децата од Велес го одбележаа со  еко хепенинг во центарот на градот. На еколошко дрво од хартија закачуваа пораки, кои тие ги посакуваат за овој ден.  Пораките до возрасните и надлежните беа да има повеќе зеленило, дрвја и цвеќе во градот ,кој и натаму е црна еколошка точка во Македонија.

Во Велес има уште многу да се работи, иако Топилницата  е затворена. Децениското загадување е присутно и тоа е наше секојдневие. Децата ова го знаат и тие затоа бараат повеќе зелени појаси во и околу градот. Тие на минувачите им делеа  цветови од рециклирана хартија  и јаболка од рециклирана пластика.  На овој начин сакаме да ја подигнеме свеста кај сите дека проблемот со Велес и загадувањато не е решен, ниту затворен – рече Ненад Коциќ претседател на ЕД Вила Зора.

Ова е единаесетта година по ред како ЕД Вила Зора, заедно со општина Велес, децата од основните училиште и детските градинки  го одбележуваат доаѓањето на пролетта преку повеќе  содржини.   Имаше и велосипедска трка со стотина учесници кои возеа по велешките улици и кои на овој начин побараа велосипедска патека

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »