речник контакт

Економски и проект од животната средина ќе финансира УНДП во Повардарието

Отворање на регионален бизнис центар и енергетска ефикасност се двата приоритетни проекти кои Програмата за развој на ОН УНДП ќе ги финансира во Вардарскиот Плански регион

Петар Печков

Отворање на регионален бизнис центар и енергетска ефикасност се двата приоритетни проекти кои  Програмата за развој на ОН УНДП ќе ги финансира во Вардарскиот Плански регион. Овие два  се избрани  од петте кои  беа предложени, а веќе  одреден период ги работи Вардарскиот регион. Така учесниците на работилницата  од деветте општини од  Повардарието,  ги одредија приоритетите и решија тие да бидат од економијата и од заштитата на животната средина,  области кои се најактуелни кај месното население.

Процесот на избор беше по партиципативен метод, поради  што на ова работилница вклучивме повеќе страни. Освен претставниците на локалната власт, тука беа и претставници на граѓанскиот и невладиниот  сектор, бизнис  и туристичката заедница. Или сите што имаа интерес за негов  развој. Очекувам дека заедно со УНДП до крајот на годинава овие два проекти ќе ги завршиме. Регионалниот бизнис центар ќе биде во просторите на некогашен Радио Велес кои веќе ни ги отстапи локалната власт на Велес, како и две помошни простории во Неготино и Демир Капија. Тука спаѓа и обука на вработените, изработка на стратегијата и програми за работа.  Вториот проект кои мина е програмата за енергетска ефикасност    – рече Александар Бузалков  раководител на  Центарот за развој на Вардарскиот плански регион со седиште во Велес.

Останатите проекти  кои беа во игра, а останува да ги реализира самостојно ВПР се втората фаза од развојот на транзитниот туризам во Повардарието- поставување на инфо точки на коридорот 10 од автопатот,   брендирањето и заштита по географски потекло на производите од овој регион а третиот е регионалното управување со отпад  и физибилити студија за конкретна локација за отпад. Алесандро Фракасети, постојан претставник на УНДП во Македонија појасни дека главната цел на проектот е на инклузивен начин да се интензивира локалниот и регионалниот развој на земјата.

Ќе спроведеме сеопфатна програма на локално ниво, која вклучува активности како што се процена на локалните потребни обуки, акциони планови, воведување на стандардите ИСО/КАФ, мали грантови во заедниците, локалните акциони групи, иницијативи за социјално претприемништво, кампањи за социјален маркетинг и воспоставување разни форми на меѓуопштинска соработка - рече Фракасети.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »