речник контакт

Екс градоначалникот на Општина Чашка Пановски осуден на 2,5 години затвор

Тој е прогласен за виновен за „злоупотреба на службената положба“ при изградбата на патот за Мокрени

Петар Печков

Горанчо Пановски - екс градоначалникот на Општина Чашка доби две и пол години затвор, за  „злоупотреба на службената положба“.  Така одлучи кривичниот совет со кој претседаваше судијката Габриела Гајдова.

Пановски беше прогласен за виновен во Основен суд Велес.  Обвинетиот Пановски како  службено лице – градоначалник на општина Чашка  искористувајќи ја  службена положба и овластување,  предизвикал значителна имота штета на општината во висина од 1.35 милиони денари. 

Според обвинението, тој од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието, добил средства во висина од 14,5 милиони денари за изградба на патот село Мокрени а ДДВ било на товар на локалната власт. 

На тендер општината ја избрала фирмата ГД „Изгрев инженеринг“ од  Велес за изведувач, на која како аванс и платила 2,9 милиони денари. По завршената работа, тогашниот градоначалник бил должен да го  плати остатокот од долгот. Обвинетиот од доделените наменски средства за реконструкција на патот уплатил 5.777.855 на изведувачот, а останатите средства во висина од 5.315.369 денари ги искористил за подмирување на други тековни обврски на општината. 

Поради ненаплатениот износ за извршените работи во висина од 8.418.288 денари со вклучен ДДВ, изведувачот повел постапка за присилна наплата на побарувањето. Во текот на извршната постапка, покрај основниот долг, биле наплатени  и трошоци за извршување, за адвокатски услуги и за камата за задоцнето плаќање и од сметката на општината биле повлечени средства во износ од вкупно 1.357.826 денари, за кои општината е оштетена.  Пановски  се изјасни за невин.

Неговиот адвокат Трајче Тошески кажа дека доделените средства постоела опасност да бидат блокирани заедно со сметката и отидат за други цели и намени.

„При добивањето на средствата кои се за одредена цел, се уплатуваат на наменски сметки, што не било случај со овие пари. Овие средства биле уплатени на општата општинска сметка, каде не може да се знае кои средства за која цел се наменети и каде се одлеваат“ - рече адвокатот Тошевски во завршен збор.

„Средствата биле наменски за изградба  и исплата на изведувачот а не да се располага по сопствено наоѓање и желба, иако обвинетиот бил должен да ги троши според потпишаниот договор“ кажа обвинителката Гордана Тодорoва, а како прилог го посочи извештајот на Државниот завод за ревизија каде е констатирано дека средства биле користени ненаменски и незаконски потрошени. Пресудата не е правосилна.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »