речник контакт

Екс директорот на училиштето во Иванковци ослободен од вина

Обвинителството се повлекло оти не се обезбедиле докази дека З.Ј. ги сторил делата за кои се товареше

Петар Печков

Екс директорот на ОУ Стојан Бурчевски Буридан од село Иванковци , З.Ј. е ослободен од вина за кривично дело ,,Несовесно работење во службата,, и  за ,,посебни случаи на фалсификување исправа,,.  

Нему СВР Велес му поднесе кривични пријави  на 9-ти мај 2013-та,   оти пријавениот додека ја извршувал функцијата директор на ОУ Стојан Бурчевски Буридан во с. Иванковци несовесно постапил во рамките на своите должности и овластувања и своерачно потпишал штетна спогодба за надомест на материјална штета од причина пожар,  кој се случи на 04.09.2012 година со друштво за осигурување во висина од 3.784.885,00 денари, помала од утврдената 11.317586,00 денари.

Потоа истата и своерачно ја заверил со непостоечки број од деловодната книга, со што на  УНИКА АД Скопје и овозможил да стекне противправна имотна корист, а на штета на ОУ Стојан Бурчевски Буридан од с. Иванковци.

По завршување на доказната постапка а по сите изведени доказите Јавниот обвинител навел дека од обвинителството ,,не е во можност надвор од секое разумно сомневање да го докаже извршувањето на кривичното дело од страна на обвинетиот З.Ј.,поради што се откажува од понатамошно гонење на обвинетиот за кривичните дела,,.  По ова судот  донел одбивателна пресуда.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »