речник контакт

Екс претседателот на Основен суд Скопје 1 Панчевски болен, судењето не се одржа

Ниту Апелација Скопје и по три месеци не одлучила по жалбата на Панчевски за ненадлежност на Основен суд Велес

Петар Печков

И во новиот четврти обид, не  започна судискиот процес во кој обвинет е  поранешниот претседател на Основен суд Скопје 1  Владимир Панчевски, откако  тој  не се појави на судење во Основен суд  Велес. 

Судијката Габриела Гајдова кажа дека обвинетиот бил болен, за што имал  уредна лекарска  документација. Ниту списите од предметот се пред судијката, оти и по три месеци Апелација Скопје не доставила   одлука  по жалбата на Панчевски зошто  Основен суд Велес   ја отфрла неговата жалба, со која  бара да  се прогласил за ненадлежен.

Владимир Панчевски е обвинет дека како прв човек на скопска Единица го злоупотребувал системот за електронско распределување на предмети, познат како АКМИС, со што одлучувал кој судија, кој предмет на СЈО ќе го суди.

Обвинителството го товари Панчески за кривичното дело ,,Злоупотреба на службената положба и овластувања,,.  Обвинителството утврдило дека во периодот од 23 јануари 2013 година до 14 септември 2016 година, обвинетиот како службено лице – претседател на Основен суд Скопје 1 Скопје, со умисла извршил повеќе пречекорувања  на службеното овластување.  Обвинетиот како претседател на судот влијаел врз начинот на електронската распределба на предметите што доаѓале во судот на одлучување.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »