речник контакт

Ексклузивно, бев затвор во Франкфурт за дрога

Првиот велешанец кој јавно призна дека одлежал за продавање на хероин

Петар Печков

Во желбата за анкета да слушнам што велешани мислат, зошто толку лица од градот се бават со нелегална продажба на дрога, па постојно Велес е првиот грд во земјава, како поим за наркотици, правев анкета. Луѓето ја посочуваат сиромаштијата, безработицата, примерот на некои лица кои преку ноќ стигнаа до големо богатство, скапи коли со кои се возат а ништо не работат. 

Тоа без малку беше став на сите испитаници, сиромаштијата. Во еден момент ми пријде и сограѓанинот, од фотографијата, кој не се претстави но рече еве сликај ме јас сум тој што одлежав во Франкфурт  за дрога. Така ТРМР прв, ексклузивно ви донесува изјава  на лице кое продавало дрога по улиците на Франкфурт.

Не кријам одлежав две година затвор во Франкфурт. Бев затвор затоа што продавав дрога по улиците. Отидов  како азилант, со надеж дека ќе се спасам до сиромаштијата. Сопруга три деца, леб треба да се донесе дома.   Неколку дена продавав дрога  на улица, ма фатија со 20 грама. Не бев преку Велес и велешани. Отидов и најдов каде и како можам да продавам. Ама кратко беше. Две години ги минав во затвор, тука моите бел корка леб. Се вратив. И сега барам работа Никој не оди таму оти сака, туку за парче леб. Затворот таму е како тука што живеат богатите, со банани и три порции на ден не хранеа. Барем не гладував. Беше  одлично, ама затвор се вика. Еве деновиве продавам балони за Нова година. Имам роба од два илјади денари, вадам по  две три стотки на ден а ми бараат три илјади за да имам тезга. Целата роба не ми вреди толку. Ете затоа одат младите од градот во Франкфурт. Бев и не се срамам, отидов за да заработам и преживеам. Заработив затвор. Судијата кога ме судеше ме праша колкав е тој Велес а јас му велам колку ноктов  – вели соговорникот. Случајот сакал да налетам на уште еден анектиран, пред фонтаната пред СОК, кој не сакаше да зборува јавно, но рече

Кај ме најде мене. Пред некое време се вратив од Франкфурт. Одлежав две години. Што има друго да се зборува. Тоа го направи сиромаштијата. Што мислиш колку од овие што шетаат низ градот беа таму во затвор. Колку лица познавам  од таму што сега се во градот –рече  друг соговорник.     

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »