речник контакт

Експедиција Ама Даблам 6856м

ТРМР ви донесе фотографии од освојувања на повеќе Балкански и Европски врвови. Но ова не смеете да го прошушитете да го погледате. како е е освен врв, со фотографии од кои се гледа планината и нејзиината големина. Македонските алпинисти Илија Ристовски и Илина Арсова со нов успех од светски рамки, овојпат од Хималаите.

Петар Печков

На 18 Ноември 2011, познатиот Македонски алпинистички тим составен од Илија Ристовски и Илина Арсова за прв пат го развиори македонското знаме на Хималајскиот врв Ама Даблам 6856м. Ама Даблам се наоѓа во Непал, на Хималајскиот масив во регионот Кумбу, во близина на највисоките светски врвови Мт. Еверест, Лоце и Нупце.

Ама Даблам во превод од локалниот Шерпа дијалект значи „мајка со ѓердан“. Поради својата стрмна пирамидална форма уште го нарекуваат Хималајски Матерхорн. Илина и Илија неслучајно го одбраа овој врв по минатогодишното искачување на Европскиот Матерхорн- нивната алпска страст.

Ама Даблам е еден од потешко достапните Хималајски врвови кој бара сериозна алпинистичка спремност и искуство. Насоката до врвот во просек има стрмнина од 70-90%, на места целосно вертикална и по целата должина технички доста комплицирана.

Со експедицијата Ама Даблам на Илија и Илина, Македонија се здоби со први свои претставници на планина со ваква тежина и висина и уште еднаш прва жена – македонка на олку сериозен алпинистички подвиг. По Аконкагва, Матерхорн и други светски врвови, оваа алпинистичка двојка има намера го развиори македонското знаме на покривот на светот Монт Еверест 8848м.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »