речник контакт

Експериментално пошумување на голиот рид Св. Илија

Обид со помош на професори на Шумарски факултет, за враќање на шумите во велешко, со помош на гелот ``зеба,,

Петар Печков

Професори од Шумарскиот факултет од Скопје  на ридот Св. Илија покрај Велес вршеа пробно опитно засадување на стотина садници  со помош на хидро-апсорбенсот ,,зеба,, . Тоа е гел кој се состои од органски материи а  кои  помогнаат за повисок процент на зафаќање на младите садници.

На оваа површина со децении се засадуваат дрвја, но поради лошиот состав на почвата, каменест тие не се сфаќаат, па бројните акции не доведоа до зазеленување на ридот. Згора на тоа  регионот важи за сушен.

Гелот кој го додадовме на засадените садници има способност да апсорбира вода и до 500 пати и таа постепено да ја дава на кореновиот систем на стеблото, во периодот кога нема врнежи.  Во штипско правевме обиди и се покажа како успешен, садниците беа прифатени со висок процент од 80 отсто Сега ќе видиме како тој ќе  реагира во велешко, регион каде има аридни услови., има помалку врнежи отколку испарување  - изјави проф. Стерија Начовски од Шумарскиот факултет од Скопје. 

Стручњаците посочуваат дека ваквото засадување е подобро во пролетниот период отколку во есенскиот. Потребна е и физичка заштита на садниците, зад опитот да биде успешен за што ќе се погрижат и шумските полицајци.

Можеме цел овој простор да го засадиме, но ако дојдат две кози се ќе направат пустош. Затоа е потребно физички да се заштити просторот.  Потребна е и натамошна нега на овие засадени култури. Битно и значајно за Велес е да се подигне шума поради режимот на водите,  заштита од ерозија, чист воздух, кислород. Со текот на времето дрвото ќе се аклиматизира на овие услови, но овде не можеме да очекуваме да израсне некоја шума со голема дрвна маса - рече  Александар Трендафилов проф. на Шумарски Факултет при УКИМ Скопје.

Триаголникот Велес – Свет Николе – Градско е најсушениот предел во Европа, каде според стручњаците владеат полу пустински услови, со најниски врнежи на континентот. Овој експеримент Шумарскиот факултет го спроведува со Шумското стопанство Бабуна од Велес. 

Во опитот беа засадени  неколку стотина садници на бел и црн бор, даб, багрем и аризонски чемпрес. Доколку засадувањето со овој гел се покаже успешно ќе минеме на пошумување на сите овие предели околу Велес кои се скоро голи. Службата за контрола ќе биде засилена со цел да ги заштитиме садниците  - рече Горан Наунчев директор на  ШС Бабуна од Велес. Деновиве вакво опитно пошумување со садници дрвја  ќе се изврши  и на ридот Гроот.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »